Излегувате на прв состанок: Ова се трите потези кои ќе го ФАСЦИНИРААТ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Веќе знаете дека под идеален состанок момците не подразбираат заминување во кино, но никогаш не би погодиле на кои три потези паѓаат „како крушки“. Тоа го открива Метју Хаси, автор на прирачникот, „Get the Guy“.

1. Мобилниот телефон оставете го в ташна. И не го вадете цела вечер. О, да, апстиненцијата од пораките и постојаното проверување дали некој ве повикал, ќе ви донесе многу бодови кај потенцијалното момче. Така ќе му покажете дека го слушате што ви зборува, и дека единствено интересно ви е тој.

2. Вие ја одбирате следната дестинација. Момците од време на време сакаат да се одморат од функцијата оргазнизатор на излегувања. Тоа што вие го предлагате за следната дестинација малку ќе го намали притисокот кој тој сигурно го чувствува, па ќе биде поопуштен во текот на средбата. Тоа што сте го навеле покрај вас да се опушти, нему му е многу секси.

3. Му зборувате за тип кој вчера ви се додворувал во теретана и се додека станува збор за некој на кој случајно сте налетале и не се работи за ваш претходен партнер, вашиот соговорник сака да слуша за тоа. Се прашувате зошто? Со тоа, имено, му порачувате дека им се допаѓате и на другите момци, и тоа прилично суптилно.