Изјавата од Надал за Кириос покажа како треба да се однесува еден тенисер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Австралиецот Ник Кириос правеше нови испади и повторно провоцираше на Вимблдон, во вториот дуел на турнирот кој го играше против Рафаел Надал. Но, Шпанецот кој славеше со резултат од 3:1 во сетови, после мечот, сепак, и покрај провокациите и често недоличното однесување на Киргјос, имаше само пофални зборови за контроверзниот тенисер.

Со своето безобразно однесување, Кириос успеа да го испровоцира и подизнервира инаку секогаш смирениот Надал. Во еден момент се жалеше на пребавното подготвување на Шпанецот за сервис, а кога изгуби поен, иронично му аплаудираше на Надал, со што го подналути.

Тоа беше само вовед во она што уште повеќе го изнервира Рафа, а тоа е веројатно намерно упатениот удар со топчето од страна на Кириос во телото од Надал, после кое Рафа налутено го загледа и му упати нервозен поглед на Австралиецот.

Сепак, после мечот, Надал покажа врвно тениско и спортско џентлменство и докажа уште еднаш за каков господин станува збор кога е во прашање неговата воздржаност и однесување за време на играта, но и по неа. Рафа имаше само пофалби за Ник.

„Ник беше тежок противник, а кога сака да игра како што знае, тогаш е еден од најтешките на светот. Против мене, како што видовте, сакаше да игра, а ако продолжи да мисли само на тенисот, тогаш еден ден ќе стане Грен Слем победник“, изјави Надал за својот противник после мечот.

Надал не сакаше да ги коментира навредите од Кириос упатени до судијата, но ни тоа што публиката на Вимблдон во неколку наврати го исвирка неговото однесување.