Изјава на родителите од починатото девојче во битолската болница: Јана прво заспа, потоа почна да се тресе од болки и не се разбуди


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Родителите на 6-годишното девојче Јана, кое почина во Битолската болница, од примање на инфузија, велат дека состојбата и се влошила кога таа примила половина од инфузијата. Додека се чека официјалната причина за смртта на девојчето, за телевизија Сител родителите велат дека се убедени оти станува збор за лекарска грешка.

„Прво додека девојчето ја примаше инфузијата, си заспа, и се беше во ред. Му се врати бојата, и му се стоплија рацете, бидејќи претходно му беа ладни. Кога дојде инфузијата до пола, девојчето почна да се жали на болка во стомакот и во нозете. Станав да ја побарам докторката, сестрата ми рече дека докторката не е тука, дека работи. Ја викнав сестрата, таа рече дека е нормално да има грчеви, од што повраќала. И потече раката. Докторката и ја помести инфузијата на другата рака. Девојчето се тресеше од болки. Сестрата ни рече дека ќе дојде докторката, само да заврши работа. Девојчето цело време велеше дека има болки и не може да издржи повеќе, јас и ја држев раката, за да не се измести инфузијата. А докторката не дојде ни еднаш да праша како е Јана“, рече мајката.

Иако им било кажано дека девојчето починало од слабост на срцето, Стојче Христовски, таткото на Јана вели дека преходно таа била прегледана и немало никакви знаци дека има отежнато чукање на срце.

Обвинува дека од нив било сокирено дека таа е почината и откако и биле направени неколку елетро шокови, па потоа била пренесена на катот на КАРИЛ од каде и по поминати два и пол часа часа тие се уште немале информации за Јана.

Јана почина минатата недела на Детското одделение во битолската болница каде била донесена со симптоми на настинка и повраќање. За неа под мотото „Правда за Јана“ на 29 март во Битола се организира мирен протест со кој се бара да се одговори од што починала.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат, соопшти дека нема грешки во лекувањето на Јана и дека без оглед на примената инфузија и високиот шеќер во крвта, Јана починала од застој на срцето.