Home Актуелно Изјава на македонскиот свештеник отец Царкњас после нападот во Грција (снимка)

Изјава на македонскиот свештеник отец Царкњас после нападот во Грција (снимка)

Активистот за човекови права во Грција, Стилијан Самарџиев (Stilianos Samartzis), на Фејсбук објави видео заедно со православниот свештеник, отец Никодим Царкњас кој појасни како беше нападнат и од кого, пренесува Фактор.

Вели дека и во 21 век се случуваат вакви инциденти и дека ништо не е тргнато напред, особено нема почитување на човековите права.

– Господ Бог ме спаси. Се заклучив во автомобилот и само задното стакло ми го икршија. Сакаа и мене да ме нападнат, но не успејаа. Здрав и жив сум, вели отец Царкњас во видеото снимено во Св. Злата Мегленска.

Истовремено, овој инцидент го осуди и активистот Самарџиев.

-За кои вредности ми говопри Грција, за кои човекови права, срамота е да се напаѓа 80 годишен човек.

Вчера се огласи и професорката Ана Павловска Данева со остра реакција кон властите, кои според неа за овој инцидент ниту збор не кажаа, додека за случајот со Пендиков, се патуваше дури и до Бугарија за да го посетат во болница.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…