Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во раните утрински часови до темел изгоре популарното кафуле „Паб“ во строгиот центар на Прилеп, а причинета е и штета на околните објекти.
Според Станко Колески, командир на прилепската противпожарна единица, повикот за огнената стихија го примиле во 3:33 часот и веднаш интервенирале. Станувало збор за голема, опасна стихија во строгиот центар на градот која можело да се прошири на повеќе соседни објекти. Штетите се огромни и првично се проценуваат на преку 200.000 евра.
„Пожарот прво почнал од покриената настрешница на кафулето, па се проширила на целиот објект. Дури беа зафатени и соседните објекти, од едната страна менувачница, а од другата аптека. Кафулето е пеплосано. Увид направи полицијата за да се утврдат причините за овој голем пожар. За 25 минути пожарот беше ставен под контрола и за неполн час беше изгаснат. Интервенитравме со две возсила и четворица пожарникари“, изјави Станкоски.
При настанувањето на пожарот објектот бил празен, но било ангажирано обезбедување. Неофицијално, постојат сомнежи дека пожарот можеби бил подметнат.