Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во голем пожар кој избувна вчера попладне и го зафати објектот, изгоре административната зграда на царинската испостава „Златарево“ на бугарско-македонската граница. За среќа во пожарот немаше повредени лица, туку беше направена огромна материјална штета.
„Колегите се обиделе да го угасат огнот, но не успеале. Огнот се појавил во надворешно инструменти, материјалите таму се запаливи – пластика, памук, стиропор. Резултатот е тоа што се гледа“ – рече началникот на Регионална дирекција на гранична полиција во Ќустендил, Васил Митов.
Тој истакна дека пожарникарите спречиле ширењето на пожарот кон зградата на Граничната полиција, која е залепена за оваа на царината.
Утринава во пунктот се пропуштаат само автомобили.
И бугарските и македонските царински служби апелираат граѓаните да го избегнуваат овој граничен премин за патување и да се упатуваат на другите гранични премини.