Изгоре куќа во Велес, за среќа нема повредени


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во пожар кој избуванал во 10 часот претпладне во текот на вчерашниот ден, на улица „Јовче Чучук“ бр. 40 во месноста Јурија во Велес, изгоре домашна куќа. За среќа во пожарот нема повредени. Станарите навреме ја напуштиле куќата.

Екипите на Територијалната противпожарната единици од Велес го локализирале пожарот околу 11 часот и спречиле да се прошири на соседните куќи.

Во гаснењето на пожарот биле активирани три противпожарни и две теренски возила и 15 пожарникари, а се вклучиле и соседите  за да спречат негово ширење.

Според првичните сознанија од очевидци, во куќата имало поголема количина  пластични шишиња, но дали се тие причина за пожарот треба да утврди истрагата од полицијата.