Актуелно

Изгоре куќа во Бутел, нема повредени

Куќа во скопската населба Бутел синоќа изгоре во пожар, при што е причинета голема материјална штета.

Според изјави на очевидци за „Макфакс“, куќата била напуштена и во пожарот нема повредени лица.

Синоќа ЕВН на неколку минути ја исклучи струјата во населбата поради пожарот.

Противпожарната бригада интервенираше со четири возила и 11 пожарникари, а пожарот беше изгаснат во утринските часови.

Извор: Макфакс

Advertisements
To Top