Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
На Mobile World Congress гигантот за мобилна телефонија, Huawei, официјално го претстави својот „смартфон“ со преклопувачки екран, една недела откако конкурентот Samsung ја претстави својата верзија на ваквиот модел.
Од компанијата најавија дека мобилниот во продажба ќе биде пуштен кон средината на годината, а цената ќе му биде околу 2.300 евра.
Huawei Mate X има преклопувачки екран кон надоврешната страна, така што доаѓа со предна и задна камера кога ќе се преклопи, што не е случај кај Samsung Galaxy Fold.
Станува збор за „смартфон“ со 6,6-ончен екран, но неговата дијагонала се зголемува на 8 инчи во моментот кога уредот е расклопен.
Има 7-нанометарски модемски „чипсет“ Balong 5000, а во уредот е интегрирана батерија од 4.500 mAh која поддржува 55W SuperCharge технологија на полнење на батеријата од Huawei.
Кога е преклопен, Mate X има дебелина од 11 милиметри, додека конкурентскиот Fold има 17 милиметри дебелина во иста состојба. Камерите не се наоѓаат на истата страна како и екранот, што може да биде повод за одредени замерки, бидејќи така не може да се направи „предно“ селфи кога телефонот е расклопен, што не е случај кај моделот од Samsung.
Huawei најавува дека Mate X доаѓа со 5G модем преку кој ќе може да се симнуваат филмови со „големина“ од еден гигабајт за само три секунди, доколку на телефонот му биде достапна доволно брза мрежа и врска.
Исто како и Fold, и Mate X доаѓа со две батерии, по една за секоја страна.
Почетната цена на Mate X ќе биде 2.299 евра, а во продажба ќе го пуштат кон средината на 2019. За споредба, Samsung Fold чини нешто под 1.750 евра.