Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На прв поглед, јоркширската река Варф тешко дека ќе помислите оти е најопасната река на светот. Но, како и во многу други ситуации, така и во оваа, изгледот лаже.
Според локалното население кое живее во нејзина близина, дококу влезете во водите на оваа река, шансите да не излезете живи се речиси сто процентни. Тие одговорно тврдат дека никој никогаш не се извлекол од смртоносната прегратка на како што личи питомата рекичка.
Во неа, како што кажува локалната легенда се удавило момче кое требало да стане крал на Шкотска.
Реката изгледа сосем нормално, широка и спора, а потоа се врти и тече вертикално место хоризонтално, па затоа станува тесна и неверојатно длабока. Под заоблените зелени и лизгави карпи кои го опкружуваат потокот се кријат метри и метри шуплив простор исполнет со вода која вас, ако влезете, заедно со карпите просто ве сомелува.
Баш таа промена на ориентацијата од хоризонтала во вертикала го продлабочила тлото и карпите и така им овозможило на водните струи да дивеат, а тоа на површината да не се гледа.
Нема точни бројки колку луѓе загинале во тоа мало парче река, но се знае дека ретко кое тело може да исплива, водата ги проголтува најголемиот број. Пред осум години во реката настрадало дете, кое и покрај присуството на родителите само се лизнало во водата.
И покрај тоа шумата која е покрај овој „стрид“ е многу популарна за пешачење, а на секои десетина метри има предупредување како станува збор за многу опасна вода, чиј изглед лаже и на која не смеете да се приближувате.
Интересно е дека тоа не е единствен „стрид“ во Велика Британија, но е најпознат поради убавината и опасноста.
„Луѓето кога размислуваат за опасните реки гледаат брзината, пената и заглушувачката бука, а не нешто што изгледа како поточе меѓу карпи, вели еден од локалните жители.
Своевремено имало обид да спуштат и камера во реката, но нема смисла затоа што водата не е проѕирна и ништо не се гледа.