Advertisements
Живот

Изгледа невозможно?! – Ова е времето потребно за СОН, кое влијае на убавината и расположението…

Спиењето влијае на кожата, лицето, телото, го намалува стресот, а освен што влијае на физичкиот изглед, голема улога има и во нашиот когнитивен систем, помага во продуктивноста, работата на мозокот и учењето.

Во текот на спиењето, кожата се регенерира, нови келии ги заменуваат старите и повторно се постигнува здрава рамнотежа. Но, во денешниот брз свет преполн со дневни обврски или кога едноставо заглавуваме пред телевизор, неретко се случува доцна да легнеме да спиеме.

Фирмата Сили УК, најголемата марка на кревети, работеше на истражување за да дознае колку часа мораме да спиеме за наутро да изгледаме убаво и одморено.

Истражувањето покажа дека клучот на добриот изглед е заминување во кревет во 21:45 со будење во 6:55 наутро.

Истражувањето покажа дека 60% од испитаниците потврдиле дека спиењето во таа доба позитивно им влијае на психолошките способности, а 40% изјавиле дека им влијае и на однесувањето во текот на денот.

42% изјавиле дека имаат побистри очи, а 20% дека кожата им е почиста.

Многумина од нас трошат големи износи на пари за убаво да се чувствуваат и изгледаат. Забораваме дека со добар и квалитетен сон можеме сето тоа да го постигнеме без трошење на пари. Секако, важно е и самото опркужување кое мора да ни одговара, односно мирен простор со добар кревет и создавање на рутина на одреденото време за спиење, советува Нил Робинсон од Сили УК.

Advertisements
To Top