Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Авантуристот Беар Грилс се појави во шоуто „Good Morning Britain“ и ги изненади гледачите со својот нов имиџ.
Беар има пуштено мустаќи поради кои на социјалните мрежи сега кружат голем број коментари меѓу кои и оној дека „изгледа како порно ѕвезда од ’70-те“.
View this post on Instagram
„Беар ме потсетува на ’70-те“, „Постои некоја причина зошто Беар ги фура овие порно мустаќи?“, „Беар Грилс сега изгледа како да излегол од порнич од седумдесеттите“, се распишуваа инспирираните твитерџии.
Is there a reason bear grylls is rocking a porno tash #GMB
— Just lil old me (@Mexmexmex81) 22. November 2019
Секако, Грилс има прилично добро и благородно објаснување за мустаќите, кои ги пушти со цел да го поддржи движењето „Мовембер“, чија цел е подигнување на свеста за машкото здравје.
Сепак, Беар призна дека ниту неговата сопруга не му ги бендисала мустаќите и дека после завршувањето на „Мовембар“ планира да ги избричи.