Изгледа е во „рокерска фаза“: Кејџ брка бесна мода на 54 години


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


54-годишниот холивудски актер Николас Кејџ отсекогаш важел за тип кој се обидува да биде во чекор со модата и најчесто немал проблем со изборот на вкусни модни комбинации.

Но, овојпат папараците го „уловија“ во неверојатен моден избор. Облечен во кожа со принт на леопард и маица со весел дезен, изгледаше крајно невообичаено.

Таблоидите веднаш проценија дека актерот е во ,,опасна рокерска фаза”. Тој беше фотографиран на аеродромот во Лос Анџелес, каде беа забележани дури и неговите впечатливи прстени.

На социјалните мрежи се појавија коментари од типот „Модниот познавач пак напаѓа. Неворојатно! Изгледа како карикатура, лик од цртан филм“.