Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пратениците од македонското Собрание денес го изгласаа Предлог-законот за пратеници, со кој се намалува висината на исплатени патни трошоци.
Со предложеното законско решение, се предвидува намалување на досега утврдените 30 проценти од продажната цена на еден литар гориво, според изминатиот километар за возилото кое се користи, на 20 проценти од продажната цена на еден литар гориво, според изминатиот километар за возилото.
,,Потребата од предложените измени е во насока на намалување на трошоците од државниот буџет, постигнување на одредени заштеди на буџетските финансиски средства и спречување на евентуални злоупотреби во трошењето на народните пари. Како клучната причина поради која пратениците ги користат сопствените возила за службени цели е непостоењето на адекватен и соодветен јавен меѓуградски превоз – автобуски и железнички, кој би ги задоволил и исполнил реалните барања и потреби. Оттука измената на постојното законско решение, ќе обезбеди заштеда во Буџетот на Република Македонија, но и ќе овозможи непречено функционирање на пратениците кои живеат надвор од Скопје.
Предложената висина на надоместокот за користење на возила во лична сопственост за службени цели, која пратениците ќе добиваат согласно одредбите од овој Закон иако е намалена сепак е адекватна за трошоците и за амортизацијата на возилата кои ги користат за ефикасно и навремено извршување на својата функција”, се наведува во предлог-законот доставен од пратеничката група на СДСМ.
Извор: Фактор