Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Собранието го донесе законот за јавно обвинителство со 80 гласови за и 6 против. На гласањето беа присутни 116 пратеници.
Гласањето беше повторено, откако првично за законот гласаа 74 пратеници. Образложението на претседателот Талат Џафери беше дека на дел од пратениците не им било регистрирано гласањето, пренесува „Макфакс“.
Откако констатираше Џафери дека законот е донесен, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ скокнаа од своите места и извикуваа: не важи, не е донесен“, а координаторот на пратеничката група извика,”криминалци”, срамота е ова што го правите.
Претседателот даде пауза од еден час, по што следува гласањето за законот за совет за јавни обвинители.