Издржа над два часа во кутија со мраз и постави нов светски рекорд


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Јозеф Коберл е австриски атлетичар кој постави нов светски рекорд, рушејќи го својот стар рекорд, во најдолго седење во кутија полна со лед.

Тој во кутијата полна со лед помина повеќе од два часа а на себе носеше само костим за капење. Точното време на рекордот е 2:08:47 со што Јозеф Коберл го сруши сопствениот рекорд од 2014. И воедно постави нов светски рекорд.

Откако го сруши рекордот и го оствари предизвикот, Коеберл изјави дека тој би можел да издржи уште во кутијата со лед но едноставно немало потреба.