Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонското обвинителство не успеа да ги обезбеди снимките од бегството на осудениот бивш премиер на Македонија, Никола Груевски, во Албанија, кои беа направени од безбедносните камери.
Албанија не постапила по барањето за меѓународна правна помош од безбедносните служби, одговори на новинарско прашање, државниот обвинител Љубомир Јовески на дебатата на Законот за СЈО во МАНУ, пренесува Мета.
„Има неколку образложенија од албанската страна, но основно е дека имало голем број снимени материјали на камерите и дека тој нивни систем не можел подолго да ги чува“ – рече Јовески.
Според него, тие снимки не биле рачно избришани, туку самиот уред функционирал така. За снимките во државата од движењето на Груевски, Јовески не кажа дали Обвинителството располага конкретно со снимка од него, туку само дека сите прибавени снимки Обвинителството ги анализира.
Тој додаде дека меѓународната помош е сложена операција која се остварува под посебни услови и дека нашето Обвинителство направило сè по процедура, но дека резултатот е тој.
Многупати прашани за бегството на поранешниот премиер Груевски и азилот кој тој го доби од Унгарија, од Владата секогаш одговараат дека, чекаат најпрво Обвинителството да излезе со резултати од истрагата и потоа ќе се произнесат.