Избрани десетте најубави аеродромски писти на светот – еве кој е на врвот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Базирана на испитаничкото мислење од вљубениците во авионите, летањето и авионскиот превоз, престижниот „Independent“ ја објави листата со најубави аеродромски писти на светот.

Во истражувањето кое го спроведе PrivateFly, во предвид се земени 112 аеродроми ширум светот, а свое мислење за нив споделиле 8.500 илјади луѓе.

Првото место му припадна на аеродромот Донегал, кој се наоѓа во Ирска и е опкружен со плажи кои се наоѓаат на брегот на Атлантскиот океан.

Веднаш зад него, на листата се најде шкотскиот аеродром Бара, чија писта е всушност плажа. Третото место му припадна на францускиот аеродром Ница сместен на Азурниот брег.

Комплетната листа од 10 најубави аеродромски писти во светот изгледа вака:

1. Донегал, Ирска

2. Бара, Шкотска

3. Ница, Франција

4. Квинстаун, Нов Зеланд

5. Саба, Кариби

6. Орландо Мелбурн, САД

7. Торонто Били Бишоп, Канада

8. Лондон Сити, Велика Британија

9. Свети Мартин, Кариби

10. Мајами, САД