Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На полноќ заврши изборната кампања за вториот круг од претседателските избори и за предвремените избори за градоначалник во Охрид и Ново Село. Од денеска до утре до 19 часот, до затворање на гласачките места, е изборен молк.
Денеска ќе гласаат 1.640 лица во казнено поправните домови и лица кои се во притвор, седум внатрешно раселени лица, 4.540 немоќни и болни лица.
Гласањето ќе трае од 7 до 19 часот.
Претседателските избори ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и Град Скопје и на 32 места во странство. Право на глас имаат 1.808.131 граѓанин.
За да се избере претседател на државата, на гласање треба да излезат не помалку од 723.253 гласачи, односно 40 проценти од вкупното избирачко тело. Во случај и во вториот круг да не биде постигнат потребниот цензус, тогаш по одреден период се повторува целата изборна постапка. Дотогаш функцијата претседател ќе ја извршува претседателот на Собранието, во случајот Талат Џафери.