Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Барака и магацински простор од сервис за вградување плински уреди во автомобили изгореа во пожарот што утринава избувна кај Дрво декор, зад сендвичарницата Вили. Брзата интервенција на пожарникарите спречила ширење на огнот, кој постоела опасност да ги зафати плинските боци во сервисот, со што е спречена голема експлозија.
Командирот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Ѕвонко Томевски, за Телеграф. мк изјави дека пожарот избувнал во 9.15 часот, а бил изгаснат за 10-ина минути. Во интервенцијата учествувале осум противпожарни возила и 20 пожарникари.
Во него изгореле канцелариски простор во барака и магацински простор на сервис за вградување плински уреди во автомобили. Томевски вели дека огнот е изгаснат и нема повредени лица.
Според него, брзата интервенција на пожарникарите спречила ширење на пожарот и предизвикување поголема штета, со оглед на тоа што во тој дел куќите и бараките се изградени една до друга.
По завршување на увидот ќе бидат познати причините за пожарот.
Од МВР нè информираа дека увидот ќе се врши откако опожареното место целосно ќе се излади.