Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кинеските полициски служби успеаја со помош на дрон да лоцираат избеган затвореник кој цели 17 години откако избегал од затвор се криел во една пештера.
Кинеската полиција уапси одбегнат затвореник , а со помош на дрон го нашле во пештерата каде што живеел 17 години. 63- годишниот Сонг Џианг бил затворен поради трговија со жени и деца, но во 2002 избегал од затворот. По бегството , 17 години живеел во пештера , каде немал никаков контакт со луѓе.
Полицијата во кинеската провинција Јонгшан открила индиции за него на почетокот на септември, и го следела на планината која се наоѓа зад неговиот роден град во југозападната кинеска провинција Јунан.
Бидејќи не можеле да најдат ништо со редовните претреси, властите испратиле и дронови за да и помогне на полицијата. На стрмната карпа, беспилотните летала забележале сина челична плочка и траги од ѓубре. Потоа, полицијата продолжила пеш и го пронашла бегалецот во пештерата каде што се криел со години.
Полицијата соопшти дека тој живеел во изолација толку долго што не можел да комуницира ниту со полицајците. Според државните медиуми, Сонг преживеал со помош на пластични шишиња во кои собирал вода за пиење и палел оган со помош на гранки и дрвја од шумата. Џианг сега е вратен во затвор.