ИВЗ побрза од Кризниот штаб: Џамиите ќе се отворат на 12 мај


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На вонредниот состанок на Ријасетот кој беше одржан вчера, Исламската верска заедница донесе одлука за отворање на џамиите за верниците на 12 мај. Владата најави дека денеска ќе ја разгледува можноста за олабавување на мерките за заштита на граѓаните од коронавирусот.

Џамиите досега беа затворени за верниците по воведувањето на владините мерки за превенција од ширење на вирусот ковид-19 од страна на Владата.

Од ИВЗ велат дека внимателно го следат подобрувањето на здравствената ситуација во земјата и намалувањето на бројот на заразени од КОВИД-19.

„На вонредниот состанок одржан на 7.5.2020 донесена е одлука од 12 мај 2020, вторник, џамиите да се отворат за молитви за да можат да се исполнуваат колективните религиозни обврски. Одлуката стапува во сила веднаш“, се вели во соопштението.

Од ИВЗ се надеваат дека оваа одлука ќе наиде на разбирање кај надлежните државни институции.

„ИВЗ беше единствената религиозна институција во земјава која јавно ги повика своите верници да ги следат препораките за заштита на јавното здравје“, велат од ИВЗ.