Ивор: Груевски да си отвори партија во Унгарија – никој вака не ја демаскира неспособноста на една власт


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Груевски да си отвори политичка партија во Унгарија.

Никој, ама никој, за недела дена до овој степен не ја демаскирал неспособноста на една власт.

Никој подобро не ја истакнал срамната соработката меѓу власта и криминалците од режимот.

Не го направил погласен молкот на евробирократите и САД.

Никој подобро не покажал колку еден министер, како тој за МВР е неспособен и неадекватен.

Никој подобро не покажал колку нашиот премиер е лажов.

Никој подобро не нацртал дека во оваа власт фракциите се пренагласени, и додека Груевски бега, а Заев и Оливер се кријат, Шекеринска си води лична кампања.

Никој подобро не испровоцира да се види дека правосудството не функционира, дека врските меѓу институциите се ужасни, дека спороста и ограниченоста на државните механизми е депресивна.

Никој не покажал подобро дека власт која си создаде медиуми ќе ги користи за дефокус и рехабилитација на џелатите и злосторите.

Никој подобро не покажа дека Собранието е полно ботови, дека не можат ни плата да му скинат на бегалецот.

Никој подобро не покажал дека тука е невозможно да функционира владеењето на правото.

Никој, подобро не го ја разголел власта за она што е, а што очајно се обидува да го сокрие.

Груевски ви избега зошто системот кој не го сменивте, премногу беше според негова мерка, според негова слика и начин на функционирање, за тој да не може да се протне.

Ве разголи, ви побегна, ве направи смешни, а нас уште помизерни, зошто ви покажа дека сте подготвени на секаков компромис, за секаков дил, дека ништо реално не се демонтирале, тука само сте ги замениле актерите.

Груевски суштински не е заминат, не остави да се гушиме во неговата ужасна творевина која не знаеме да ја демонтираме.

Фејсбук статус на Ивор Мицковски