Иванов-Вучиќ: ЕУ да го промени пристапот кон регионот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот претседател Ѓорге Иванов во сабота, во рамки на самитот на Процесот Брдо-Бриони, што се одржува во Брдо кај Крањ, разговараше со новоизбраниот српски претседател Александар Вучиќ.

Соговорниците разговарале за односите меѓу двете земји и ја нагласиле потребата тие односи да бидат најдобри што можат. Станало збор и за евроинтеграциите, со заедничка констатација дека тоа се цели и приоритети за обете земји.

Иванов рече дека е неопходно ЕУ да го промени својот пристап кон регионот и да направи конкретен исчекор во европерспективата и интегративните процеси кон државите од Балканот.

Во врска со неодамнешниот инцидент во македонскиот парламент, кога лице од српската Амбасада беше затечено во Собранието, двајцата претседатели рекоа дека тоа треба да го разгледуваат надлежните служби.

Иванов му го честиташе изборот на Вучиќ на новата функција и ја прифати поканата на 23 јуни да присуствува на неговата инаугурација во Белград.