Иванов: УБК е главен генератор на кризи, немав намера да прогласам воена или вонредна состојба


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во своето обраќање до нацијата кое го имаше попладнево, претседателот Ѓорге Иванов негираше дека се кроело било какво сценарио за воена состојба во кабинетот на претседателот.

Кому му одговара да ја деградира АРМ, институцијата со најголем углед меѓу граѓаните, единствената институција што без забелешки ги исполнува сите критериуми на НАТО, рече во попладневното обраќање до јавноста претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, кој неколку пати предупредил дека стабилноста на Македонија ќе биде загрозена.

Ова обраќање доаѓа по сведочењата на неколкумина обвинети во случајот „27 април“ кои во нивните искази даваа податоци за наводната директна вмешаност на претседателот и членови на неговиот кабинет во организирањето на собраниските настани на 27 април минатата година.

„Уште пред 2 годиини предупредував УБК е главното жариште на генерирање на сите политички и безбедносни кризи во Македонија. УБК без основа ги следи активностите на мојот кабинет, прислушува, и во службени белешки даваат информации за измислени настани за да на крајот се коснтруира судско полициски случај. Сведоци сме на неказнивост на истекување на доверливи дикумненти од УБК. Ова ја загрозува националната безбедност. Се работи за класична хајка и линч против мене и кабинетот на претседателот на државата. Оваа институцијане е дежурна служба за давање на алиби“, рече Иванов.

„Во кабинетот на претседателот никогаш не се разговарало за прогласување на воена или вонредна состојба“, рече тој. Иванов ги повика странците да излезат и да кажат кој наводно му вршел притисок. Воена состојба се прогласува кога е нападната државата или е објавена војна. На 27 април немавме ништо од ова, рече Иванов.

„Овде би сакал јавно да прашам дали исказите на обвинетите се поважани од одговорите на надлежните институции. Во периодот кога се чека поканата за членство за НАТО, на кој му одговара да ја деградира армијата. Како претседател пред две години укажав дека УБК е генералното упориште. Ако УБК се дрзнува да го следи мојот кабинет, се прашувам што се се случува во оваа институција. Сакам да потенцирам дека во изминатиот период сме сведоци на неказнивост на протекување на класифицирано документи. Ова не е ништо друго, освен лична хајка проитв мене, за само да ме наместат мене – тврди Иванов.