Иванов: Протестантите од „Заедничка Македонија” не се терористи!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов во вонредното обраќање по повод денешното приведување на голем број лица поврзани со немилите настани од 27 април изрази загриженост од состојбата и даде поддршка на протестантите од „За заедничка Македонија“.

-Кој го прекршил законот мора да одговара, но не треба да се генерализира. Ја поддржував и ја поддржувам „За заедничка Македонија“. Тие не се и не може да бидат третирани како терористичка организација. Загрижен сум за политичкиот реваншизам. Со ова се доведува до страв. Во услови кога не очекуваат многу предизвици, треба целата енергија да ја концетнрираме кон исполнување на реформите. Со реваншизам нема напредок. Повикувам на разумно однесување на сите институции. Секој е одговорен за своите постапки и за последиците. Граѓаните очекуваат просперитет, а не проблеми. Сакам да потсетам на нешто што го кажав лани: Нема ништо потрагично од поделба меѓу Македонците, рече Иванов.

Фото: Вечер