Иванов: Неуспехот на ЕУ на Балканот го користат Кина и Русија


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Претседателот Ѓорге Иванов во интервју за британскиот весник Телеграф изјави дека ЕУ ја остава отворена вратата за кинеско и руско стратешко загрозување на Балканот поради нејзиниот неуспех да се ангажира и да инвстира во регионот.

Според Иванов, ЕУ е заглавена во начинот на размислување од 20 век и ситните внатрешни расправии и оневозможиле да ги види предизвиците на овој век како масовната миграција, дигиталниот криминал и реваншизмот на Русија.

„До неодамна, не видовме руска инвестиција во Македонија. Но, Европа се повлекува или не ги одржува своите ветувања дека Балканот ќе стане дел од Европската унија, тоа е како повик на ЕУ другите да дојдат и да го пополнат тој простор”, предупредува Иванов.