Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претседателот на Македонија во заминување, Ѓорге Иванов, денес го има својот последен претседателски работен ден, бидејќи неговиот мандат формално и официјално истекува во недела. Во недела претседателската функција ќе ја преземе новоизбраниот претседател Стево Пендаровски.
На заминување, Иванов меѓу изборот да се врати на професорското место на Правниот факултет во Скопје и доживотна пензија со кабинет, ја одбрал втората опција.
Тој до службата за општи и заеднички работи, доставил барање за изнајмување на кабинет, а добил позитивен одговор. Засега не се знае каде ќе му биде канцеларијата. СОРЗ дала позитивен одговор, зошто буџетот за канцеларијата изнесува 8 проценти од годишниот буџет на претседателскиот кабинет, што е во согласност со постоечкиот закон.
Иванов до крајот на животот ќе користи месечна пензија од околу 100.000 денари, личен возач и лично обезбедување.
Ѓорге Иванов е единствениот претседател на Република Македонија досега кој два мандати бил на таа раководна функција во државата.