Иванов не го дава мандатот за формирање Влада


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Нагласувајќи дека главен проблем за него е платформата составена и напишана во друга држава, кај друг државник, не во Македонија, а со која се условуваат македонските политичари кои се во позиција за формирање Влада, претседателот Иванов одлучи да не го додлели мандатот за составување нова Влада на никој кој преговара за таквата платформа.

„Денеска го поканив Заев на консултативна средба за предавање на мандатот. На средбата го запознав со мислењето на правните експерти. Според нив, според чл 90 се исполнети сите услови за да му се предаде мандатот со оглед на тоа дека е обезбедено мнозинство. 

Почитувањето на роковите е неопходно за трансферот на власта да биде легален и легитимен. Разговаравме за повеќе решенија како да се додели мандатот, а одлуката да не биде во спротивност со чл 90. За ова постојат решенија, особено кога е обезбедно мнозинството во Собранието. Во спротивно, мојата одлука за доделување на мандатот ќе биде спортивно на законот и Уставот.

Платформата која е ставена на маса ја загрозува сувереноста и независноста на државата, доведувајќи ја во потчинетност во однос на друга држава. Процесот на постизборно коалицирање стана заложник на целиот народ, а поради оваа платформа заглавуваме во уште подлабока криза, каде се загрозени темелните вредности на Република Македонија. 

Долго време очекував дека некои политички партии ќе превземат државнички чин и ќе ја отфрлат, но тие продолжија да лицитираат за иднината на државата, на нетранспарентен начин. За време на средбата со Заев барав да ја отфрли оваа платформа, бидејќи граѓаните на изборите не гласаа за исполнување на оваа платформа, туку за исполнување на реформите од програмите на политичките партии.

Прифаќањето на туѓа платформа е казниво според кривичниот законик. Драѓи сограѓани, од меѓународната заедница очекуваме да ја осуди таквата платформа која претставува редефинирање на нашата држава. За жал, во случајот со Македонија, осудување нема. Ваквиот гласен молк, ни дава јасен сигнал дека штом се воздржаа од осудување на платформата која ја загрозува унитарноста на Република Македонија, тогаш треба да се воздржат и од наметнување на решенија  за иднината на Република Македонија. Прифаќањето на оваа платформа значи негирање на суверинетот на Република Македонија, кој им припаѓа единствено на граѓаните. 

Ова се сериозни моменти. Мораме одговорно да се однесуваме, секоја погрешна одлука може да донесе катастрофални последици за иднината на државата. Кога ја презедов функцијата, ја дадов свечено заклетвата дека функцијата ќе ја вршам согласно Уставот, а ветив дека ќе го штитам суверинетот и Уставот на Република Македонија. Во согласност со тоа не можам да дадам мандат на некој кој го руши тоа.

Слушам како сум ја злоупотребувал службената должност и ги охрабрувам оние кои ми се закануваат да покренат прашање за мојата одговорност во согласност со Уставот. Не постојат закани и уцени кои ќе ме натераат да го прекршам Уставот. Ги охрабрувам да поднесат и кривична пријава против оние кои преговараат за платформи на туѓи држави, со кои се уценува македонскиот народ, се загрозува унитарноста и суверинетот на државата. 

Ние немаме резервна држава, немаме историско право да го уништуваме она за што се бореле и гинеле генерации. Тие ни ја оставиле државата, да ја негуваме и да ја оставиме на децата и на нашите потомци. Се додека сум претседател, нема да дадам мандат, на партија која во својата програма има цел да ја уништи Република Македонија, нема да отстапам од ова“, рече Иванов во своето обраќање од претседателската вила на Водно.

Без да даде шанса за прашања од медиумите, после неговото обраќање во претседателската вила на Водно, ја напушти говорницата.