Иванов му врати на Собранието уште четири закони поради „Северна“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Претседателот Иванов одби да потпише уште четири закони кои го содржат името Република Северна Македонија а беа донесени на 7 март. Законите за енергетика, за банките, за безбедност во сообраќајот и патиштата и за супервзиија и осигурување повторно ќе се најдат на гласање пред пратениците, јавува ТВ Телма.

Во известувањето до Собранието, Иванов наведува дека одлуката за непотпишување на Указите за прогласување на законите ја донел поради фактот што при давањето свечена изјава кога стапил на функцијата Претседател се обврзал дека ќе го штити Уставот и ќе ги брани интересите на државата.

Со ова бројот на вратените закони се зголеми на 15. Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека законите кои се донесени со двотретинско мнозинство а не се потпишани од Иванов ќе се сметаат за донесени а останатите ќе се вратат во собраниска процедура.

Премиерот Заев очекува овие закони да се стават час поскоро на дневен ред. Ако е потребно Собранието ќе работи и за време на викендите.

Заев се надева на компромис и околу законското решение за СЈО од сите парламентарни партии. Работните групи се формирани и се очекува усогласување на законскиот текст.