Иванов – Мета: Албанија да ѝ помогне на Македонија да влезе во НАТО (Видео)


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Шефот на државата, Ѓорге Иванов, по тет-а-тет средбата со својот албански колега Илир Мета, истакна дека очекува Албанија да ја поддржи Македонија за побрз влез во НАТО, а за возврат тој му понуди помош и македонско искуство на патот кон ЕУ-интеграциите.

„Македонија очекува Албанија да ја поддржи да биде членка на НАТО, да ѝ помогне да добие покана за членство, а во однос на ЕУ, сè што досега Македонија има направено и целото нејзино искуство ѝ стои на располагање на Албанија на нејзиниот пат кон ЕУ“, рече Иванов.

Претседателот на Албанија, Илир Мета, рече дека со нетрпение очекува Македонија да го добие заслуженото место во НАТО затоа што нејзиното членство е клучно за безбедноста на целиот регион.

„Во таа насока го поттикнуваме продолжувањето на дијалогот за надминување на сите прашањата кои претставуваат пречка на тој пат. Македонија како членка на НАТО не е успех само за самата земја, туку и за целиот регион бидејќи тоа претставува фактор за безбедност во овие турбуленти времиња“, изјави Мета по средбата со Иванов.

И двајцата претседатели беа согласни дека двете држави треба заеднички да работат на подобрување на инфраструктурата, пред сè, на железничкиот сообраќај за зголемување на трговската размена и бизнис-релациите меѓу двете земји.

Извор: Макфакс