Home Актуелно Иванов: Мандатот за влада ќе го доделам на партијата со мнозинство во Собранието

Иванов: Мандатот за влада ќе го доделам на партијата со мнозинство во Собранието

Во согласност со Уставот, законските процедури и временските рокови, по конституирањето на Собранието на Република Македонија, ќе го доделам мандатот на партијата што има мнозинство во Собранието. Потоа, очекувам во најбрзо време да се формира и новата Влада на Република Македонија, изјави претседателот Ѓорге Иванов.

Со овие избори, Република Македонија исполни еден од клучните услови на кои се обврзаа лидерите со Пржинскиот договор. Очекувам, како што Република Македонија уште еднаш покажа исполнителност, Европската Унија да покаже доследност и принципиелност кон нас. Ја повикувам Европската Унија да изнајде начин и да овозможи напредок на Република Македонија на евроинтеграцискиот пат. Како што сметав дека Република Македонија има капацитет да ги одржи овие значајни избори онака како што поминаа, верувам дека овие избори ќе придонесат за крај на политичката криза и ќе претставуваат почеток на национално помирување во Република Македонија, рече Иванов.

Пред сè, рече Иванов, им честитам на граѓаните, што покажаа одговорност и излегоа во масовен број да го остварат своето право на глас.

Според него, релевантните домашни и меѓународни институции потврдија дека Република Македонија спроведе избори кои доликуваат на една европска и демократска држава. Иванов им честита на сите институции кои, како што рече, одговорно ја завршија својата работа и овозможија регуларност и кредибилитет на изборите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…