Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Нродот секогаш носел досега мудра одлука, така беше и овојпат кога на референдумот на 30. септември со негласање донесоа одлука против избзани, наметнати и штетни решенија, беше ставот на претседателот Иванов, по повод 23. октомври, Денот на македонската револуционерна борба.
„На референдумот народот ја изрази својата суверена волја и недвосмислено го отфрли Договорот од Преспа. Собранието на Република Македонија тоа мораше да го земе предвид, но мнозинството народни избраници постапија спротивно волјата на народот“, истакна Иванов.
Денес сонот за слободна и независна Македонија е реалност. Но, слободата не се освојува еднаш засекогаш, туку секој ден и постојано. Затоа, обврска на нашата генерација е да не дозволиме нашата слободна и независна држава Република Македонија да биде обезличена.
Треба да се знае дека е потребна е храброст за да се истрае во остварувањето на правото на самоопределување и зачувување на суверенитетот и независноста на државата. Храброст што им овозможи на македонските револуционери и борци да го остварат својот сон.
Иванов на крајот посочи, дека не треба да се губи надежтта и љубовта кон Македонија, бидејќи таа само во облик на суверена и независна држава ќе биде заштитник на нашата слобода и нашето човечко достоинство.