Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денес ќе има поединечни средби со политичките партии, во рамките на најавените консултации за нов мандатар, потврдиле од неговиот кабинет за државната новинска агенција МИА.
Консултациите со парламентарните политички партии следуваат по средбата на Иванов со претседателот на Уставниот суд, Никола Ивановски, и по средбата со евроамабасадорот Жбогар, рекле од кабинетот на Иванов.
Иванов најави дека ќе почне консултации со надлежни институции и со политичките партии во врска со формирањето на новата влада, по неуспехот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, да состави владина коалиција со ДУИ.
Претседателот на Македонија вчера имаше средба со амбасадорот на Европската Унија во земјава, Самуел Жбогар, а денеска се сретна со претседателот на Уставниот суд, Никола Ивановски.
Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, вчера на прес-конференција истакна дека Европската Унија очекува од претседателот на државата, Ѓорге Иванов, да изврши итна и отворена консултација со политичките партии во земјата и бргу да определи лидер за формирање влада.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, завчера на прес конференција рече дека очекува од претседателот Иванов нему да му го додели мандатот за формирање нова влада и дека сите поинакви опции ќе значат кршење на Уставот и злоупотреба на функцијата.