Иванка Трамп е кандидатка за нов претседател на Светската банка


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп и еден од неговите најблиски соработници во Белата куќа, е кандидатка за пополнување на престижното претседателско место на Светска банка.

Според информациите кои ги пренесува Financial Times, Иванка може да дојде на челната позиција на Светска банка по заминувањето на сегашниот претседател Џим Јонг Ким кој веќе ја најави и потврди реализацијата на неговата оставка од претседателската функција.

За ова престижно место се кандидираше и поранешната мериканска амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли. Во понеделникот Ким неочекувано објави дека веќе нема да раководи со Светска Банка на повеќе од три години до завршувањето на неговиот втор мандат.

Покрај Иванка Трамп и Хејли, се споменуваат и имињата на државниот секретар за меѓународни прашања во американското Министерството за финансии, Дејвид Малпас и шефот на Агенцијата на САД за меѓународен развој Марк Грин.

Иванка Трамп во 2017 година раководеше со фондот на Светската банка од 1 милијарда долари за промовирање на женски бизнис иницијативи.