Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Судијата Иван Џолев седнува на жешката прва фотелја во Кривичен, каде СЈО ги води битките со функционери од претходната власт. Со 11 гласа ЗА и два против, судскиот совет му ја даде довербата на Џолев да ја води скопска единица. Тој ги доби и сите 6 гласа и по бадентер, од членовите припадници на етничките заедници.
Со оценка „многу добар“ и 192 бода како резултат на сработените предмети, Џолев ја извојува битката пред најлутиот ривал Владимир Панчевски за кого петмина дадоа доверба, а осуммина беа против.
Судиите Панчевски, Ивица Стефановски и Верка Петковска со 260 бода предничеа пред Џолев, пред него беа и судиите Осман Шабани и Ѓоко Ристов, но мнозинството членови од Судски совет уште пред гласањето се изјасни дека бодувањето не е клучно. Според нив поважно било новиот претседател да биде пример за останатите судии, тимски играч и да ги балансира тензиите во еден од најповиканите судови од меѓународните институции изминатите неколку години.
„Ние форсираме ефикасност, продуктивност, доверба во јавноста да има. Да биде чесен професионалец со интегритет. Да има свест дека својот авторитет пред колективот не треба да го гради врз основа на казнување и дисциплинирање“ – вели Влатко Самарџиски.
„За мене никогаш не бил критериум да стане претседател тој што има највеќе бодоци.“ – вели Селим Адеми.
„Треба да избереме некој кој ќе може да ги амортизира сите оние работи кои се случуваат , пред сè меѓучовечките односи“ – вели Беким Реџепи.
Пред да се избере нов претседател, судскиот совет ја констатираше оставката од привремениот претседател Стојанче Рибарев, дека прво заминал на боледување поради хируршка интервенција а потоа поднел оставка.
Џолев работел како судија изминатите осум години и два месеца. Неговото име се актуелизираше во јавноста минатата година кога со кривична пријава му се спротистави на тогашниот претседател Владимир Панчевски, дека се обидел да влијае на одлука на судија. Џолев е избран за судија во 2008-мата година, а бил на повеќе позиции како судечки судија, на претходна постапка, истражен судија, и пред изборот беше судија на прекршочни постапки.