Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Брачниот пар Крис и Холи Персиќ од Питсбург, САД, биле прилично изненадени и импресионирани кога откриле каде завршувале оревите кои мистериозно исчезнувале од нивното ореово дрво.
Тие биле изненадени кога виделе дека вредната верверичка решила да складира доволно ореви за најмалку три зими под хаубата на нивниот џип.
Крис изјави за локалната телевизија KDKA дека неговата сопруга Холи го повикала и му рекла дека автомобилот прави чудни звуци и дека нешто мириса на изгорено. „И реков да го крене капакот и ова е фотографијата што ми ја испрати“, вели Крис.
Повеќе од 200 ореви и трева биле натрупани под капакот на нејзината Киа. Крис ги чистел скоро еден час.
Но, тоа не било сè. Двојката од Френклин Парк го однела автомобилот во продавница за поправка и таму биле откриени еден куп ореви под моторот.