Итно се евакуира цивилното население од Луганск


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Украинската новинска агенција УНИАН објави дека граѓаните од областа Луганск биле повикани на итна евакуација од страна на украинските власти, пренесува Си-Ен-Ен.

– Следната недела ќе биде тешка. Ова е можеби последна шанса да ве спасиме, рече Сергеј Гаидаи, локалниот гувернер.

Украина очекува жесток руски напад врз Луганск и Донбас, особено откако руските сили го напуштија северот на земјата.