Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Приготвувањето фокача, лебот по кој лудуваат многу Италијанци, не бара многу труд и состојки. Зачинските билки му даваат посебен вкус, па овој леб може да се јаде без никакви додатоци.
Состојки:
За тестото:
450 гр брашно
350 мл топла вода
лажичка шеќер
25 гр свеж квасец
половина лажичка сол
50 мл маслиново масло
За прелив:
гранче свеж рузмарин
2-3 чешниња лук
маслиново масло
крупна морска сол
босилек, власец, мајчина душица…
маслинки
„шери“ домати
сушени домати
Подготовка:
Квасецот изронете го во топла вода и додајте го шеќерот, па оставете го да отстои 15 минути и да стаса. Во брашното додадете ја солта, а потоа квасецот и мешајте непрекинато додека не добиете фино, меко тесто. На крајот додадете го маслиновото масло и продолжете со мешањето. Покријте го тестото со фолија или кујнска крпа и оставете го да отстои половина час на собна температура. Количината треба да се удвои. Потоа, премесете го тестото со мало додавање на брашно. Тестото се става во подмачкана тава (маслиново масло), се расукува во тенка погача и уште еднаш се остава да отстои половина час, а потоа со врвовите на прстите се прават вдлабнатини во кои може да ставиме маслинки, „шери“ домати и сушени домати. Се пече на температура до 200 степени околу 15 минути.
Исечкајте свеж рузмарин (може и сув рузмарин, босилек, власец, мајчина душица), потоа помешајте го со лукот и маслиновото масло, и намачкајте го врз топлата фокача, а потоа посипете со крупна сол.