Италијанско – македонски бизнис форум во Скопје


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


15 италијански компании, меѓу кои и групацијата Италијански Државни Железници, заедно со претставници на трите најголеми италијански здруженија од градежниот и енергетскиот сектор и претставници на италијанското Министерство за надворешни работи, денес учествуваат на италијанско-македонскиот бизнис форум кој се одржува во хотелот Мериот во Скопје.

На форумот присуствуваат и претседателот на владата на РМ Зоран Заев и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Присутните ги поздравија и Винченцо Ерколе, координаторот на одделението за промоција во странство на секторот инфраструктури, при италијанското Министерство за надворешни работи, како и домаќините, Амбасадорот на Италија во Македонија Карло Ромео и директорката на канцеларијата во Скопје на ИЧЕ Агенцијата за промоција и интернационализација на италијанските компании во странство, Алесандра Капобјанко.

Директорот на канцеларијата за меѓународна соработка при Делегацијата на ЕУ во Скопје и директорот на канцеларијата на Европската Банка за Обнова и Развој ги презентираа проектите и програмите поддржани во Македонија, а следеа презентации од ресорните министерства на тема инвестициски и развојни проекти во патната и железничката инфраструктура, во енергетиката и животната средина.

Голем е интересот на македонските компании, институции и јавни претпријатија од секторите транспорт, енергетика и комунални услуги, кои попладнето ќе имаат можност да остварат средби со своите колеги од Италија и да воспостават основа за идна соработка.

Настанот има за цел да ја потврди силната поддршка која Италија ја посветува на учеството на италијанските компании во реализацијата на проектите за развој во секторите од стратешко значење за поврзаноста и за инфраструктурите во овој европски регион, а со цел да допринесе побрза евроинтеграција на земјите од западен Балкан.