Италијанските медиуми тврдат: Ванда го изневерувала Икарди со Брозовиќ?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Еден од моментално најконтровезните и најпознати фудбалски брачни парови на светот, Мауро Икарди и Ванда Нара, според тврдењата од италијанските медиуми, се наоѓа во центарот на секс скандал и семејна драма.

Според последните информации сексапилната русокоса убавица го изневерувала Аргентинецот Икарди и тоа со него клупски колега од Интер.

Италијанските медиуми пренесуваат дека напаѓачот на Интер Мауро Икарди одлучич да побара развод откако наводно дознал дека неговата избраничка Ванда го изневерува со колегата, Хрватот Марсело Брозовиќ.

Хрватскиот репрезентативец не се огласувал некое време за потоа преку Инстаграм најостро да ги осуди овие шпекулации, подоцна тоа го сторил и преку својот адвокат.

„Наведената вест, освен тоа што е лажна, исто така е и сериозна клевета која фрла сомнеж на моралноста и имиџот на фудбалерот. Оваа клевета не ја преставува вистинската состојба на работите во целиот овој случај“, пишува во изјавата на Брозовиќ објавена преку неговиот адвокат.

Целата работа околу евентуалниот развод на познатиот брачен пар ја подгреа видеото објавено од атрактивната Ванда на кое може да се види како провокативната русокоса ги пали сликите со Икарди.