Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Сенатот на Италија денес го ратификуваше Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, откако претходно истиот помина во Долниот дом на Парламентот. Ратификацијата во Сенатот се оддолжи поради политичката криза, која се реши со формирањето нова Влада на Италија, пренесува Независен.
Благодарност за ратификацијата изрази министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот фејсбук-профил.
-Благодарам Италија! Уште една ратификација на НАТО Протоколот, напиша Шекеринска во статусот.
Со Италија 23 земји досега го ратификуваа Протоколот за пристапување на земјата во НАТО.
Очекувањата се дека Протоколот ќе биде ратификуван и со тоа членството во НАТО ќе се официјализира пред Самитот на Алијансата, закажан за 3 и 4 декември во Лондон.
Но засега неизвесно е дали тоа пред Самитот ќе се случи во шпанскиот Парламент. Двата дома на Парламентот се распуштени. Изборите се закажани за 10 ноември, а доколку се помине како што треба новиот состав на Парламентот би се конституирал на 3 декември.
Оваа недела за Протоколот треба да се изјасни Националното собрание на Франција, а процесот треба да заврши и Велика Британија, Холандија, Исланд. Според праксата досега вообичаено Сенатот на САД последен го ратификува, но поради ситуацијата во Шпанија, се уште не е познато кога ќе биде закажана седницата на Горниот дом на Конгресот.