Италијански политичар го провоцираше Сусо, па доби брутален одговор (фото)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сусо оваа сезона се вклопи во „сивилото“ на Милан и не пружа партии како претходните сезони, а вчера му беше роденден и доби многу честитки.

Меѓу останатите, честитка за роденден испрати и поранешниот премиер на Италија, Матео Салвини, кој е познат како голем навивач на Милан.

Салвини е познат и по тоа што „нема влакна на јазикот“, па на Сусо му напиша: „Честитки со надеж дека Дедо Мраз ќе ти донесе малку брзина, одлучност и желба за игра“.

На ова Сусо не остана должен и му врати со жесток одговор.

„Благодарам, со желба Дедо Мраз да ти донесе брзина, одлучност и желба за подобро, многу подобро да управуваш со државата која ја сакам“.