Италијанската песна избрана за најдобра на Евросонг 2021


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Италија е победничката земја на овогодинешното издание на Евросонг.

На самиот крај од натпреварувањето се водеше тесна битка со гласовите меѓу Италија, Швајцарија и Франција. Сепка, Италија со 524 поени го освои првото место. Тие од публиката добија 318 поени.

Италија ја претставуваа рокерите Манескин со песната „Zitti E Buoni“ која беше проследена со динамичен настап, а од публиката добија громогласен аплаус.

Во финалето на Евросонг настапија претставници од 26 земји.

Вечерта започна со претставување на сите изведувачи на бината.