Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Италија – Шведска е натпреварот кој предизвикува огромно внимание. Како да биде поинаку кога на првиот меч Шведска забележа победа од 1:0 што е доста незгоден резултат. Италија е фаворит, но има огромни проблеми во тимот. Од друга страна кохезијата во репрезентацијата на Шведска е на високо ниво и тоа е големата предност на скандинавците.
Шведска секогаш значи “несреќа” за Италија
Фудбалската репрезентација на Италија доживеа пораз од Шведска со 0:1 на првиот меч во Стокхолм и ќе има тешка задача на домашен терен обезбеди пласман на уште едно Светско првенство. „Азурите“ се редовни учесници на големите натпреварувања, а зад себе имаат четири трофеја. Досега во историјата се имаат одиграно 20 Светски првенства, а Италија има пропуштено само два. Но, кога за последен пат тие го пропуштија Светското првенство? Последен пат тие не играа на СП во далечната 1958 година, кое се одржа токму во Шведска. Дефинитивно ова е голема случајност, но можеби токму оваа скандинавска земја е голем баксуз за Италијанците, пишува Кладење.мк.
Италија не може да се навикне на стилот на Вентура
Италија видно го смени начинот на игра откако селектор на оваа репрезентација е Вентура. Сега оваа репрезентаија многу повеќе размислува за противничкиот, отколку за сопствениот гол. Тоа во неколку наврати беше и меч со две острици, но Вентура не го смени своето размислување. Од Контеовата 4-2-4, Вентура премина на 4-4-2. Целиот младински сектор на Италија игра во формација 4-3-3 и соодветно на тоа така ги спремаат за сениорски фудбал. Од таа причина играчите не успеваат да се пронајдат и селекторот за кратко време на собирите не може да очекува тие да ги исполнат неговите барања. Таа игра не им помогна и во Шведска. Италија попусто ја имаше топката во свои нозе, го диктираше темпото и имаше голем посед на топка. Тој стил не им донесе гол и очигледно дека Италија не може да се навикне на него. Сите сакаат да гледаат офанзивна игра со многу додавања во средината на теренот, но ова е погрешно време барем кога во прашање е Италија.
Вентура без разлика на исходот од мечот, си заминува !?
Лошите изданија на италијанската фудбалска репрезентација последниот период кулминираа со поразот во Шведска, а селекторот Џампјеро Вентура е пред отказ без разлика на исходот од реваншот. Медиумите на Апенините денеска тврдат дека Вентура ќе биде отпуштен дури и „аѕурите“ да успеат да го остварат посакуваниот резултат и да се најдат на мундијалот. Истите шпекулации…
ЦЕЛАТА АНАЛИЗА ПРОЧИТАЈТЕ ЈА НА СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИОТ ПОРТАЛ КЛАДЕЊЕ.МК!