Италија сака да ги попишува Ромите и да ги протера оние без државјанство


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот човек на италијанското Министерство за внатрешни работи Матео Салвини вчера „крена прашина“ најавувајќи наскоро попис на Ромите кои живеат во Италија за евентуално да ги протера оние со странско државјанство и, како што кажа, „за жал“ да ги задржи оние со италијанско.

Салвини кој е и претседател на Лига (партија од ектремната десница) изјави вчера на локална ломбардиска телевизија (Салвини е роден во Ломбардија) дека планира да ја посети ромската заедница во Италија за да „види кои се, какви се и колку ги има“.

Врз основа на тоа, како што кажа, ќе реши дали ќе ги протера оние што имаат странско државјанство а немаат регулиран статус. Што се однесува до „италијанските Роми, жа жал, мора да ги задржиме“, изјави тој во емисијата.

Најавата за попис предизвика бура во редовите на опозицијата и внимателна реакција на ромската заедница. Извештај за таа заедница уште минатата година објави Италијанскиот државен завод за статистика (ИСТАТ), наведе здружението Ромска нација во соопштение, барајќи што побрза средба со новиот министер.

„Салвини ја продолжува изборната кампања со сѐ погрди зборови“, оцени сенаторката на Демократската партија Симона Малпези која мисли дека „пописот е најновата измислица на новиот министер за внатрешни работи која по малку смрди на фашизам“.

Салвини минатата недела се најде во центарот на вниманието кога се спротивстави на пристигнувањето на хуманитарниот брод со 630 емигранти во италијанските пристаништа.

„Некои зборуваат за „шок“, зошто? Само мислам на тие кутри деца кои ги учат да крадат и да го кршат законот“, регираше Салвини на Твитер.

Мкд.мк