Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Она што сите го нарекуваа како можно чудо на квалификацискиот натпревар за Светско првенство помеѓу Италија и Македонија кој се играше во Палермо – се случи. Македонија на гостински терен ја елиминираше Италија и со тоа ја исфрли од игра за учество на мундијалот.
Италија од првата минута започна за да притиска и да создава шанси пред нашиот гол, така беше се до околу 15-тата минута кога започнавме да се ослободуваме од притисокот, но никако не успевавме да создадеме посериозна прилика за гол.
Моментите кога Италија не напаѓаше се играше на нашата половина. Кон средината на полувремето грешка направи Столе Димитриевски кој додаде до Берарди но за среќа стигна да се врати. Продолжи италија со нападите и во следните минути од полувремето.
Добра прилика имаа Италијанците и во 37. минута, а можеше да се забележи и малата паника во нашите редови со игрешките кои ги правевме. Чурлинов во последните пет минути влезе во една добра контра, меѓутоа не успеа да истрча до крај и беше запрен од Манчини.
Првата закана Македонија ја испрати преку Трајковски во 45. минута преку Трајковски кој шутираше директно во Донарума.
Второто полувреме не донесе голема промена, Италија се уште беше тимот кој напаѓаше и создаваше шанси, но и не беа тоа некои 100% прилики. Македонија своите добри минути ги имаше некаде на почетокот од 55. минута кога 6-7 минути ние бевме подобрата репрезентација на теренот.
Продолжението донесе одново контрола на натпреварот од страна на Италија, ние бевме повлечени на својата половина и добро се браневме.
Пропуштените прилики на Италија беа казнети во последната 92. минута кога Александар Трајковски постигна гол со удар од далечина.