Италија го има новиот Инзаги: Кутроне е „машина за голови“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Италијанските медиуми денес се полни со пофалби за младиот напаѓач на Милан Патрик Кутроне, кој во моментов ја има најдобрата гол-статистика на Апенините.

Кутроне вчера против Сампдорија го постигна својот 5-ти гол сезонава, а на теренот има поминато само 237 минути во сите натпреварувања. Тоа значи дека 20-годишниот напаѓач постигнува гол на секои 47 минути, односно како ниту еден друг напаѓач во Италија.

Минатата сезона му беше прва како професионалец и ја заврши со постигнати 18 гола, а оваа сезона иако ретко добива шанса покрај Игуаин, сепак продолжи со импресивната статистика.

Кутроне има само 20 години и веќе дебитираше за италијанската репрезентација, а медиумите веќе го нарекоа „Новиот Инзаги“.

Неговата статистика е неверојатна 23 гола на 50 натпревари – Италија и Милан сигурно го имаат напаѓачот на иднината.

https://youtu.be/79hyPUrpNuE