Италија без Верати и Белоти против Македонија, Де Роси под знак прашалник


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Италијанските репрезентативци Марко Верати и Андреа Белоти нема да бидат повикани за престојните квалификациски натпревари, што значи ќе го пропуштат натпреварот против Македонија на 6-ти октомври.

Како што објавија медиумите на Апенините, и двајцата се повредени и нема да се појават на прозивката на селекторот Вентура за престојните квалификациски средби со Македонија и Албанија.

Голгетерот на Торино се повреди за време на ремито со Верона, додека фудбалерот на ПСЖ заработи повреда за време на натпреварот со Бордо, кој неговиот тим го доби со убедливи 6:2.

Селекторот на “аѕурите” Џанпиеро Вентура ги повика Роберто Инглезе од Киево и Никола Барела од Каљари како нивна замена, а неизвесен е настапот и на капитенот на Рома, Даниеле де Роси.