Истражувањето потврди: Колку време им е потребно на мажите и жените да се опуштат во врската!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Колку време е потребно партнерите да се опуштат и да се чувствуваат пријатно за да ги покажат своите навики во врската, откри новото британско истражување, пренесува Дејли Меил.

Истражувањето опфати 1009 луѓе кои се во врска, а прашањето кое им го поставија на анкетираните се времето кое им е потребно да направат некои работи пред партнерот.

На момците им е потребно околу 2,8 месеци пред да можат да спијат голи со партнерката, додека на жените им е потребно 3,8 месеци. На момците ќе им биде пријатно да одат голи пред партнерката за 3,1 месец, а на жените 4,5 месеци. Исто така, момците по 3,4 месеци ќе носат ноќен апарат за заби пред партнерката, додека жените тоа го прават по 8,8 месеци.

Така се дојде до заклучок дека на жените им е потребно повеќе време за да се чувствуваат пријатно пред партнерот.

„Испуштање на ветрот“ во креветот и заминување во купатилото без затворање без затворање на вратата во просек почнува да се случува по 9 месеци. За обавување на нужда, пред партнерот на мажите им треба 8 а на жените 11 месеци.

Од друга страна, жените ќе почнат да го проверуваат мобилниот додека тој спие.

Дури и оставените четки за заби кај партнерот за жените претставува поголем проблем отколку за мажите, како и оставањето на креветот ненамесетен. Во просек, разликата изнесува еден месец.

Дури по четири месеци од врската жените ќе му дозволат на партнерот да преспие кај нив, додека на момците за тоа им треба 3 месеци.